Утрински Весник
Магазин

Жена остана парализирана од остатоци од супа

5731f62f2d4f49b2cbbdf6618feb1d726d203526a62ecc6073e672567bcec167.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Многу луѓе јадат остатоци на дневните оброци, а извештаите за луѓе кои имаат сериозни реакции од труење со храна, што може да вклучи губење на екстремитетите, се за среќа многу ретки.

Сепак, бактериските реакции предизвикани од неправилно загреани или складирани остатоци навистина можат да доведат до повреди кои ќе го променат животот. Пример е 23-годишна Бразилка која останала парализирана откако се заразила со бактерии додека јадела остатоци од супа.

Клаудија де Албукерки Селада беше на студент на размена во Колорадо кога беше хоспитализирана во февруари поради парализа, вртоглавица, двојно гледање и отежнато дишење. Две недели после тоа и беше дијагностициран ботулизам – ретка и сериозна состојба во која токсин ги напаѓа нервите на телото. Оттогаш е на вентилатор.

Според „Дејли мејл“, во супата купена од продавницата не била пронајдена бактерија, па се смета дека болеста е предизвикана од начинот на кој била подготвена или складирана. Експертите за храна потсетуваат дека е важно храната да се чува на 4 степени Целзиусови или помалку и добро да се загрее пред консумирање. Исто така, не треба да се остава на собна температура повеќе од еден час.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”