Утрински Весник
Свет

Почина пациентот на кој првпат во светот му беше пресаден модифициран свински бубрег

2.webp.webp

Првиот пациент во светот на кој му беше трансплантиран модифициран свински бубрег почина два месеци по операцијата. Во март, хирурзите од општата болница во Масачусетс трансплантираа генетски модифициран бубрег од свиња на Рик Слејман, 62-годишен пациент со краен стадиум на бубрежна болест.

Операцијата е пресвртница во ксенотрансплантацијата – трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг – како потенцијално решение за светскиот недостиг на органи, соопшти тогаш болницата. Смртта на Слејман не е поврзана со трансплантацијата, соопшти болницата во саботата.

„Нашето семејство е длабоко погодено од ненадејната смрт на нашиот сакан Рик, но ние сме многу утешени што тој инспирираше толку многу луѓе“, рече неговото семејство.

Семејството на Слејман му оддаде почит на медицинскиот тим кој се грижеше за него. „Нивните исклучителни напори во управувањето со ксенотрансплантацијата ни дадоа уште седум недели со Рик и спомените за тоа време ќе останат во нашите срца“, велат тие.

Свинскиот бубрег беше генетски модифициран за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат одредени човечки за да се подобри компатибилноста со луѓето. Научниците, исто така, деактивираа свински ендогени ретровируси кај свињата донатор за да го елиминираат ризикот од човечка инфекција.

Болницата соопшти дека е „длабоко тажна“ поради смртта на Слејман. „Немаме индикации дека ова е резултат на неодамнешна трансплантација“, велат тие.

„Господинот Слејман засекогаш ќе остане светилник на надеж за безброј пациенти ширум светот и ние сме длабоко благодарни за неговата доверба и подготвеност да го унапреди полето на ксенотрансплантација“, велат тие.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме