Утрински Весник
Балкан

Пленковиќ доби мандат да ја состави новата влада на Хрватска

Picture 304 660x500 1.jpg

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ. „По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс. Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите. Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград