Државната изборна комисија (ДИК) го обработи гласачкиот материјал од парламентарните избори и ги објави резултатите според кои е познат новиот состав на македонскиот парламент во кој ќе доминира коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ со 58 пратенички места со освоени 426.022 гласови или 43,32% од вкупниот број. Коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ ќе има 18 мандати со освоени 154.684 гласови, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ добила поддршка од 137.561 глас или 13,67%, за 19 мандати, а коалицијата Вреди 107.090 гласа или 10,64%. за 13 претставници во собраниските клупи. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.662 гласа или 6,82% и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со 56.277 гласа или 5,59% за по 6 мандати. Според пријавените листи и редоследот на кандидатите за пратеници на истите, сегашниот состав би изгледал вака:
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 58 пратеници:
ИЕ 1 – 10 мандати:
Христијан Мицкоски,
Гордана Димитриеска-Кочоска,
Љупчо Димовски,
Синиша Стојаноски,
Бети Стаменкоска-Трајкоска,
Тони Јаревски,
Иван Живковски,
Љупчо Пренџов,
Марија Митева,
Иванка Василевска.
ИЕ 2 – 8 мандати:
Владо Мисајловски,
Жаклина Пешевска,
Иван Стоилковиќ,
Бобан Николовски,
Бојан Стојаноски,
Каролина Насковска,
Зоран Коцевски,
Бране Петрушевски
ИЕ 3 – 14 мандати:
Драган Ковачки,
Никола Мицевски,
Рашела Мизрахи,
Игор Здравковски,
Никола Коњановски,
Благица Ласовска,
Миле Лефков,
Даниела Христова,
Марија Петрушевска,
Душко Иванов,
Александар Јамалов,
Драгана Бојковска,
Емил Спасовски,
Драгана Арсова.
ИЕ 4 – 13 мандати:
Александар Николоски,
Антонијо Милошоски,
Ели Панова,
Дејан Проданоски,
Зоранчо Јованчев,
Ангелинка Петкова,
Петар Ристески,
Златко Пенков,
Моника Трајанова,
Јулија Тушевска,
Жан Дрвошанов,
Петар Марков,
Билјана Кузманоска.
ИЕ 5 – 10 мандати:
Ѓорѓија Сајкоски,
Олга Лозановска,
Сашо Донев,
Пеце Милевски,
Јован Јаулески,
Лидија Петкоска,
Мевмед Џафери,
Кире Божиновски,
Силвана Ангелевска,
Грација Бакраческа.
ИЕ 6 – 3 мандати:
Дафина Николоска,
Александар Велјановски,
Валентина Марчевска.
СДСМ и коалицијата – 18 пратеници:
ИЕ 1 – 3 мандати:
Димитар Ковачевски,
Моника Зајкова,
Даниела Николова
ИЕ 2 – 2 мандати:
Оливер Спасовски,
Фатмир Битиќи
ИЕ 3 – 4 мандати:
Сања Лукаревска,
Љупчо Николовски,
Горан Мисовски,
Благој Бочварски
ИЕ 4 – 5 мандати:
Венко Филипче,
Јованка Тренчевска,
Миле Талевски,
Соња Мираковска
Борче Цветков.
ИЕ 5 – 3 мандати:
Јован Митрески,
Бисера Костадиновска Стојчевска,
Митко Трајчулески.
ИЕ 6 – 1 мандат:
Славјанка Петровска
Европскиот фронт – 19 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Блерим Беџети
Илир Хасани.
ИЕ 2 – 4 мандати:
Садула Дураки,
Скендер Реџепи,
Дијана Тоска,
Ељми Азири
ИЕ 5 – 4 мандати:
Зијадин Села,
Муса Џафери,
Арбана Пашоли
Исмаил Јахоски.
ИЕ 6 – 9 мандати:
Али Ахмети,
Талат Џафери,
Илире Даути,
Мендух Таќи,
Рина Ајдари,
Бејџан Илјас,
Илир Демири,
Сали Мурати,
Фатмире Исаки
Коалиција Вреди – 13 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Изет Меџити
Беким Сали
ИЕ 2 – 4 мандати:
Африм Гаши
Ријад Шаќири
Мерита Колчи-Коџаџику
ИЕ 5 – 1 мандат:
Салим Сулејмани
ИЕ 6 – 7 мандати:
Биљал Касами,
Беким Ќоку,
Мимоза Муса,
Халил Снопче,
Фатмир Лимани,
Саранда Имери-Стафаи
Садик Сулејмани
ЗНАМ на Максим Димитриевски – 6 пратеници:
ИЕ 1 – 1 мандат:
Бобан Карапејовски
ИЕ 2 – 2 мандат:
Даниел Стојчевски,
Даниела Белимова
ИЕ 3 – 1 мандат:
Павле Арсоски
ИЕ 4 – 1 мандат:
Миле Цеков
ИЕ 5 – 1 мандат:
Весна Бендевска
Левица – 6 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Димитар Апасиев,
Реџеп Исмаил
ИЕ 2 – 1 мандат:
Амар Мециновиќ
ИЕ 3 – 1 мандат:
Борислав Крмов
ИЕ 4 – 1 мандат:
Сашко Јанчев
ИЕ 5 – 1 мандат: Јована Мојсоска Во зависност кој од сегашниоте избрани кандидати за пратеници ќе добие нова функција – министерска, во парламентот ќе се најдат нови имиња според редоследот од листите.