Утрински Весник
Македонија

Тренчевска поднесе оставка од Форумот на жени на СДСМ

Ovana Trenchevska.jpeg
Dik 300x250 mk

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ.

Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена.

Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде.

Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка!  Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани, посочи Тренчевска.

Таа додаде дека се донесени највисоките плати и пензии, се грижеле за најмладите и за лицата со попреченост.

 -Затоа денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните.

Можете да прочитате

Полицијата го сопрела при рутинска контрола, она што го виделе внатре ги шокирало

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите

Нова услуга на „Визер“! – Празно седиште до вас, повеќе комфор и приоритетно качување