Утрински Весник
Македонија

ДИК предупреди дека неколку избирачки одбори не постапувале според упатството за гласање

Sehu.jpg

Државната изборна комисија (ДИК) одржа вонредна прес-конференција на која потпретседателката Дитмире Шеху соопшти дек имаат информации од терен дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно надлежностите што произлегуваат од Изборниот законик и подзаконските акти. Шеху информира дека имало избирачки одбори кои не го почитувале упатството за начинот на гласање на неколку избирачки одбори во неколку општини. Таа ги потсети изборните органи дека треба да го почитуваат законот и сите напатствија што ги донела ДИК, а се однесуваат на начинот на гласање, во спротивно, според Изборниот законик, секој член на изборниот орган кој го попречува гласањето ќе се казни со најмалку три години затвор. -Имавме пријави од неколку општини. Упативме забелешки дека не треба да се повтори истата грешка што претходно ја направиле. Излеговме со оваа прес-конференција за да не се јавуваме до секој избирачки одбор или до секоја општинска изборна комисија за да не ја повторат грешката што ја правеле досега. Има неколку општини и заради коректност не би сакала да истакнам кои се бидејќи тие ја поправија грешката и гласањето тече како што треба, рече Шеху.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Граѓаните ќе го препознаат концептот на СДСМ на изборите, ВМРО-ДПМНЕ ја губи довербата

Мицкоски за пожарите: Владата е нападната од домашни и странски центри на моќ

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа