Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од денес попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Download 14.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот.

Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. 

Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

И во Скопје  и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме  и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намали, а утрата ќе бидат значително посвежи.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!