Утрински Весник
Македонија

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња               

Img 7834.webp.webp

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација.

Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ “злоупотреба на лични податоци” и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Македонците меѓу најголемите „муабетчии“ во Европа со ChatGPT

ДОМ: Што се случува околу „жешките точки” во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршена?

Хаос во казино во Кисела Вода: Две лица напаѓале гости и вработени, кршеле инвентар и прскале со ПП апарати