Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Вложивме 17 милиони евра во подобри работни услови во 82 станици и 14 милиони евра во униформи и опрема

40e9c395 Cd4c 4401 8a07 Fc0f44410ffb.jpg

Денеска, по повод 7 Мај Денот на македонската полиција, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, се обрати на свечена церемонија во паркот во Аеродром, во присуство на раководството на МВР, семејства на загинатите и починатите полициски службеници, претставници на Владата и на Дипломатскиот кор.

„Денеска имаме хумана димензија на инститицијата МВР, на која граѓаните можат да се потпрат во секое време и за секоја ситуација. Денеска МВР е нашиот прозорец кон светот, линкот со нашите меѓународни партнери: ЕУ, САД, ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ…

Северна Македонија е прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, бидејќи вложувавме во развојот на модерен европски полициски службеник- 17 милиони евра во подобри услови за работа со реконструкција на 82 полициски објекти низ државата , 14 милиони евра за нови униформи и опрема, ја покачивме платата за 35% и ги исплативме сите бонус плати на вработените”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека успесите вредеа за уште една монографија на МВР.

„Единствено жалам што немавме кога да издадеме уште една Монографија за периодот 2022-2024, бидејќи во тој период се реализираа бројни достигнувања за државата меѓу кои и успешната организација на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид и Самитот на ОБСЕ во Скопје. Секој сегмент од полициското работење изминативе години беше унапреден, благодарение на вашиот труд, посветеност и професионализам. Без вас напредокот ќе беше само мислена именка. Ви благодарам од се’ срце, за сите убави моменти од 2017 година па се до денес”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој на вработени им го честиташе професионалноот празник.

Ви го честитам 7-ми Мај , Денот на македонската полиција и ви посакувам успеси како на професионален така и на личен план! Да живее македонската полиција! Да живее Република Северна Македонија!”, рече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија