Утрински Весник
Македонија

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за број 1 за концептот за европска иднина на државата

Miting Bitola Ovan Mitreski 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

„Граѓаните имаа можност да видат два концепта, едниот, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој води кон подобра иднина, кон прогрес, кон унапредување на животниот стандард, со конкретни и реални проекти, со визија Македонија да стане држава со европски вредности и конечно членка на ЕУ до 2030 година и  оној на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да не врати назад, во изолација, во безнадежност, во страв и агонија, во нови поделби и кавги по меѓуетничка основа”, порача носителот на ИЕ 5 Јован Митрески, на вечерашниот митинг во Битола. 

Тој нагласи дека во кампањата можеше да се види и понуда на два сосема различни тима, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кои имаат визија, кои имаат одлучност и храброст да носат вистински одлуки во интерес на граѓаните, тимот на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние луѓе кои беа послушници и главни извршители на Никола Груевски, кои Македонија ја доведоа до бездна. 

„Тоа се истите оние кои со Груевски правеа криминали или ги штитеа неговите криминали и кои и ден денеска не се оградија од криминалите и од злосторството што на Македонија и го направија. И затоа ова се важни избори! Важно е на 8 мај да се направи вистинскиот избор бидејќи одлучуваме по кој правец ќе тргне државата. Немаме веќе време за губење. Нема да дозволиме повторно да ја заробат државата, да ја уназадат државата, ниту па некој да ја уништува иднината на нашите деца”, додаде Митрески. 

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да гласаат за број 1, за конкретна, реална и осварлива Програма. 

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за неизвесност, за враќање кон минатото, за нови кавги и поделби, за нови проблеми. СДСМ е силна партија, не се откажува и не потклекнува. Мора да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, која никогаш не работела во интерес на граѓаните”, порача Митрески од Битола.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете