Утрински Весник
Свет

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Screenshot 2024 05 06 122016.png

Најмалку шест луѓе загинаа, а 35 се повредени во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород, соопштија локалните власти. Овој напад според нив е еден од најсмртоносните на руската територија од почетокот на војната.

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека неколку дрона погодиле автомобил и две комбиња кои превезувале работници близу селото Березовка, околу пет километри северно од украинскиот регион Харкив.

„За жал, како резултат на експлозија, шестмина луѓе загинаа на самото место, Уште 35 луѓе се ранети, од кои еден маж е во сериозна состојба“, рече Гладков.

Пограничниот регион Белгород често е мета на украински воздушни напади. Во јануари, во еден таков напад загинаа 21 лице, а 110 беа ранети.

Можете да прочитате

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите