Утрински Весник
Свет

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема

20240505184412 Big 730x400 23.webp.webp

Израелската полиција изврши рација во просториите на Ал Џезира во источен Ерусали, соопшти телевизијата.

Израелските безбедносни сили од просториите одземале опрема за емитување, вклучувајќи камери, микрофони, сервери, преносни компјутери.

Во меѓувреме, и сателитските и кабелските оператори ја укинаа Ал Џезира во Израел. На некои канали на кои досега се емитувала телевизијата стои порака „во согласност со владината одлука, укинато е емитувањето на Ал Џезира во Израел“.

Израелски министер објави видео од упадот на израелските инспектори во просториите на Ал Џезира.

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да ја укине работата на Ал Џезира во Израел додека трае војната во Газа, тврдејќи дека катарскиот медиум ја загрозува националната безбедност.

– Каналот Ал Џезира кој подбуцнува ќе биде затворен во Израел, напиша Нетанјаху на социјалните мрежи по едногласната одлука на владата.

Израелската Владата соопшти дека министерот за комуникации ја потпишал одлуката за „постапување веднаш“, но некои набљудувачи сметаат дека Ал Џезира може да се обиде да ја блокира оваа одлука на суд.

Шефот на Ал Џезира во Израел и палестинските територии ја нарече израелската одлука „опасна“ и нагласи дека е мотивирана од политика, а не од професионални причини. Правниот тим на Ал Џезира подготвува одговор, изјави Валид Омари.

Ал Џезира е финансирана од катарската влада, а медиумот многу ја критикува израелската воена операција во Газа, од која секојдневно известуваше. Израелскиот парламент минатиот месец го ратификуваше законот со кој се дозволува привремено суспендирање на странските медиуми кои се сметаат за закана за националната безбедност

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници