Утрински Весник
Македонија

Маричиќ за Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

Bo An Marichi Vo Emisi A Politikanti 3.jpeg
Dik 300x250 mk

Првиот вицепремиер во Владата, и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во видеоа обраќање оддаде почит на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. 

Во изјавата Маричиќ ја нагласува важноста на македонскиот јазик кој го претставува нашиот идентитет, прифатен и потврден како дел од европските идентитети. 

Македонскиот јазик е европски вели Маричиќ и додава македонскиот јазик ќе стане и еден од официјалните јазици на ЕУ.

„Македонскиот јазик е нашиот идентитет. Тој е прифатен и потврден како дел од европските идентитети. Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија. 

Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата. Ова е меѓународно признавање на македонскиот јазик и доказ  дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски.” вели Маричиќ во своето обраќање.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор