Утрински Весник
Македонија

ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Очекуваме повеќе сонце, но попладнето ќе има и изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Messenger Creation D4334d94 De78 4700 9939 4a1f57e2d771.jpeg

Почетокот на новата седмица, односно утре  и во вторник ќе имаме сончево и пролетно топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено во вторник во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачи до околу 26 степени.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете