Утрински Весник
Македонија

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

05052024 Vrsm Delegacija Veligden 4 Scaled.jpg

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски,  денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски” во Скопје.

Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм.

Можете да прочитате

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат 

ИЗЛОЖБА „ЖЕНИТЕ ОД СВЕТОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА -ЖЕНАТА СИМБОЛ И ИНСПИРАЦИЈА“