Утрински Весник
Свет

Над од 400 луѓе се евакуирани поради поплави во Тексас

O 1922790 1024.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поплавите зафатија голем дел од Тексас денеска, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите се движеа низ улиците и патиштата со чамци, шетајќи низ водата длабока до половината за да спасат луѓе и домашни животни кои не беа евакуирани навреме.

И вечерва се очекуваат обилни врнежи кои може да предизвикаат дополнителни поплави.

Официјалните лица издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Во недела се очекуваат нови врнежи, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку дождот повторно стане посилен.

Со недели поројните дождови во Тексас и државата Луизијана ги наполнија резервоарите и го поплавија тлото. Поплавите делумно ги покриле автомобилите и патиштата во текот на оваа недела во делови од југоисточен Тексас, северно од Хјустон, каде што водата стигнала дури и до покривите на некои домови.

Властите во Хјустон засега не пријавиле загинати или повредени.

Можете да прочитате

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир

Група облечена како Дедо Мраз украде храна во Монтреал за да ја подели на сиромашните

Сојузниците губат доверба во САД по политика на Трамп