Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90%

Capture 2.jpg

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата др. Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите се завршени над 90%. 

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт”, вели Бочварски.  

Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот. 

„Цела економија ја раздвижува со експресните патишта на истокот којшто ги направивме, бидејќи таму од 19 век немаше нов пат направено. И за Кочани и Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу отворени нови фабрики и работни места”, вели Бочварски.

Покрај брзата комуникација и развојот на економијата, патиштата поминуваат и низ прекрасен предел од Македонија. 

„На истокот се направи револуција со патиштата. Што е се ново? Сега е прво Св. Николе – Штип, Миладиновци – Штип автопатот преку Св. Николе,  рехабилитиран е патот за Крива Паланка до Страцин, новиот пат, експресниот, и тој ќе заврши до крај на година, Ранковце – Крива Паланка. Понатаму Крива Паланка – Деве Баир до граничниот премин со трета лента, проширен го завршивме и пуштен е во употреба.  Штип – Кочани, експресниот, што ќе значи дека порано возењето од Скопје до Кочани од саат и пол сега е скратено на помалце, околу 45 до 50 минути. Меѓутоа многу е битна безбедноста, значи ова се веќе нови стандарди на патишта коишто важат и во Европа” – вели Филипче.

Можете да прочитате

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични