Утрински Весник
Свет

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Picture 70 660x468 1.jpg

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Можете да прочитате

Зеленски за Си-Ен-Ен: Украина има само една 10% од американските пресретнувачки ракети што ѝ се потребни

Пепелта од Етна стигна до Малта, откажани се летови на неколку аеродроми

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна