Утрински Весник
Балкан

РЕМ ги повика телевизиите да ги затемнат екраните на годишнината од убиствата во Рибникар, Дубона и Мали Орашје

Picture 69 660x487 1.jpg

Српското Регулаторно тело за електронски медиуми ги повика давателите на медиумски услуги да ги затемнат екраните на годишнините од масовните убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје, односно да ја прекинат програмата на една минута со текстот „3 и 4 мај 2023. Се сеќаваме“. Регулаторното тело ги повика медиумите да ја прекинат програмата на 3 мај во 08:41 часот и на 4 мај во 22:32 часот.

Тие ги повикаа уредниците, новинарите и другите медиумски работници да придонесат за достоинствено одбележување на првата годишнина од масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“, почитувајќи ги професионалните и етичките стандарди на новинарството во известувањето.

Можете да прочитате

Петрова-Чамова: Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија

Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР

Коринтскиот канал повторно отворен за пловидба