Утрински Весник
Скопје

Комунална хигиена за Велигден ги чисти сите православни верски објекти

1000008652.jpg

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини.

Со активностите се опфатени: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.

Екипите на  ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.

Можете да прочитате

Арсовска: Долгот од централната власт кон ЈСП во јануари ќе достигне 10 милиони евра

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје