Утрински Весник
Македонија

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни aтмосферски процеси – Очекувајте невреме

Download 13.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локалано, и тоа особено во централните, како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината исто така од пладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд, грмежи и засиллен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурата на воздухот денес во Скопје ќе се искачи до околу 23 степени.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома