Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Piknik Sdsm 8.jpeg

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

„Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива. ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата до недоглед како што тоа го правеше Груевски. Затоа, во среда, една недела од денеска, сме исправени пред уште една голема одлука – дали ќе го дадеме нашиот глас за да одиме напред, во европска иднина, или ќе гласаме за да се вратиме назад и да го вратиме режимот кој нѐ гушеше 11 години”, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ им порача на граѓаните дека ова се исклучително важни избори за европската иднина на државата.

„Гласот ЗА е глас за сигурна, безбедна и европска иднина на Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме”, рече Ковачевски. 

Можете да прочитате

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Падна група дилери: Запленета дрога, МВР и ОЈО разоткрија мрежа во Скопје и Куманово

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак