Утрински Весник
Македонија

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

1709104615 Pendarovski.webp.webp

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права.

Единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

За таа цел, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на  синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план. 

Честит 1 Мај на сите работници!”

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи