Утрински Весник
Македонија

Каевски ги отфрла сите обвинувања на ОЈО, ги смета за неосновани и тенденциозни

Darko Kaevski.jpg

„Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни. Најодговорно
тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже“, напиша
пратеникот Дарко Каевски од СДСМ во своја објава на Фејсбук во врска со постапката на ОЈО.

Тој додаде дека очекува дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината
и дека ништо од тоа нема основа.

„Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната Комисија.
Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително
сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на комисијата ниту сум
давал сугестии. Се е јасно. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е,
извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти
јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор
на АМС“, пишува Каевски.

Тој додаде дека мотивите на ОЈО да биде опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е
можеби и злоупотреба за избораната кампања.

„Едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024
година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни
дена потоа“, заклучи Каевски во објавата.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема