Утрински Весник
Македонија

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Nagrada 11 Oktomvri.jpg

Денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври” и  „22 Ноември” за 2024 година, соопштија од Министерството за култура.

Со државната награда „11 Октомври” се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември”, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Конкурсите за државните награди „11 Oктомври” и  „22 Ноември” за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.

Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна