Утрински Весник
Балкан

Во Германија убиен српски рапер, уапсен косовски Албанец, причината наводни коцкарски долгови

Shutterstock 112401443 725x485 1.jpg

Раперот и угостител Александар Стефановиќ (38), попознат по неговото уметничко име Алекс М, беше застрелан и убиен пред ресторан во Дизелдорф, Германија, во неделата рано наутро. На убиството му претходела расправија во кафулето, а како мотив за делото се спомнуваат наводни коцкарски долгови.

Како што јавуваат германските медиуми, полицијата го уапсила осомничениот пред локалот, а истрагата покренала екипа за истрага за убиство.

Според првите резултати од истрагата, во неделата околу 2 часот и 45 минути во кафуле најпрвин настанала расправија меѓу жртвата (38) и 52-годишниот осомничен во кафеана.

По расправијата излегле од кафулето, кога се слушнале истрели.

По пукањето, осомничениот маж се вратил во кафулето и чекал да пристигне полицијата и без отпор се предал.

Уапсениот, според полицијата, е 52-годишен косовски Албанец, жител во Германија. Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.

Увидот за настанот и околностите во текот на ноќта го презеде увидна екипа за убиство. Полицијата засега не може да каже дали имало други учесници и кои биле мотивите за овој чин.

Според медиумите, жртвата е ММА борец од Србија.

Можете да прочитате

Новинарка од Србија пронајдена мртва во Марсеј

Грција: Четири деца се затруле од гас, едно од нив починало

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици