Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци од Србија кои „оперирале“ во Скопје

Apsenje 1.jpg

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.

Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба” на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците. 

Можете да прочитате

Левица: Утре состанок со опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик

Машко лице најдено починато во стан во Аеродром

Сопственикот на „Baking Bread“ ги демантира гласините: Нема да бараме ниту денар од осигурување