Утрински Весник
Свет

Ирачка Тиктокерка убиена пред нејзината куќа во Багдад

D90b4a58 C34f 49b5 B456 E3d298d401a1.jpg

Гуфран Савади, ирачката ѕвезда на ТикТок, позната на илјадници следбеници како Ум Фахад, беше убиена во петокот вечерта пред нејзиниот дом во источен Багдад, јавува Си-Ен-Ен.

Моментот на нападот е снимен од надзорните камери, а на видеото се гледа како напаѓачот во темна облека и со кацига на главата се симнува од мотоцикл, доаѓа до црниот теренец во кој седи Савади и пука во неа.

По убиството, ирачкиот министер за внатрешни работи рече дека „формира специјален тим за да ги открие околностите на нејзиното убиство“.

Савади споделуваше на ТикТок видеа како танцува на поп музика. Претходно, ирачкото правосудство утврди дека тие видеа се несоодветни и Савади беше осудена на шест месеци затвор за „кривично дело производство и објавување видеа кои содржат непристоен јазик, кршење на јавната пристојност и морал“, се вели во соопштението на ирачкото правосудство.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен