Утрински Весник
Балкан

Грција воведува шестдневна работна недела

Grcija 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во јуни Грција воведува шестдневна работна недела, а оваа обврска ќе важи за државните служби, банките, комуналните претпријатија и други компании и организации.

Станува збор за државни служби, банки и фирми кои до сега работеа пет дена во неделата, пренесува Независне новине.

Што се однесува до ограничувањата, работникот не смее да работи повеќе од осум часа во шестиот работен ден и не е дозволена прекувремена работа.

Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени, работникот шести ден може да не работи во ноќна смена.

Оваа одредба која стапува на сила од 1 јуни, не мора да ја следат работодавачите на фирмите кои досега работеа не работеа пет дена во неделата, а има и други исклучоци.

Можете да прочитате

Судот во Тирана одреди мерки за учесниците на антивладиниот протест

Блокадите на земјоделците ги празнат хотелите во Грција

Владата на Црна Гора ги укина визите за граѓаните на Турција