Утрински Весник
Балкан

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

Brnabi 1.webp.webp

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната