Утрински Весник
Свет

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Screenshot 2024 04 27 121049.jpg

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.

„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.

Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.

Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.

– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.

Можете да прочитате

Полска е најстресна дестинација за возење во Европа

Зеленски ѝ се заблагодари на Британија за пресретнувањето на рускиот танкер од „флотата во сенка“

Во Франција раст на употребата на кокаин, бројот на повици до итните служби поголем за 26 отсто