Утрински Весник
Свет

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Kina Zastava 780x470 1.jpg

Кина ќе биде домаќин на преговори меѓу палестинската исламистичка група Хамас и движењето Фатах за палестинско единство, објавија агенциите, цитирајќи ги двете организации и дипломат во Пекинг. Движењето Хамас, со седиште во Појасот Газа, на 7 октомври минатата година изврши напад врз Израел во кој борците убија 1.200 луѓе, а зедоа 253 заложници. Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна воена операција во Газа во која досега загинаа повеќе од 34.000 Палестинци. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, денеска изјави дека гледа позитивна динамика во разговорите за ставање крај на војната во Појасот Газа и за ослободување на израелските заложници кои сè уште ги држи Хамас. „Мислам дека има нов обид, кој ги вклучува Катар и Египет, како и Израел, да се најде начин за напред“, рече Саливан во интервју за Ем Ес Ен Би Си.

Можете да прочитате

Претседателката на Грузија стави вето на законот за странски агенти

Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа