Утрински Весник
Македонија

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај

2 4.jpg
Dik 300x250 mk

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер. Tој рече дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.

„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.

По прозивките за оставка, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му врати на Артан Груби.

„Артан, терапијата ти ја препиша доктор Арбен, ќе ја примиш на 8 мај’, му порача на социјалните мрежи Ганиу на Груби.

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско и Кочани, возеле пијани

Се подготвува кривична пријава: Директорот на „Комунална хигиена“ уште е во полициска станица

Филмски“ грабеж кај патарината Миладиновци: петмина со оружје ограбија возач