Утрински Весник
Балкан

(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција

Screenshot 2024 04 24 170040.png

Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка. Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.

На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено. Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.

Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.

Можете да прочитате

Силен земјотрес во БиХ – 24info.mk

Бугарија достави писмо до Советот на Европа за насилство и говор на омраза против бугарската заедница во Македонија

Протести низ Србија по насилството врз студенти во Нови Сад