Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ: На Токсикологија лица без договор за работа давале здравствени услуги

Toksiko 960x506 1.png

Вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ по добиена претставка од вработени на Клиниката. Инспекторите констатирале дека 11 лица незаконски, од кои дел и без соодветно образование, вршеле здравствена дејност.

– Издадено е решение да се преземат следните мерки. Здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници, соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор  да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Овие недостатоци Клиниката има рок да ги поправи за 5 дена.

Состојбите на клиниката ескалираа откако група вработени го кренаа гласот против како што тврдат непрофесионалното работење на економската директорка, Бесија Иљази и обвинија дека го саботира вработувањето на стручен кадар, а фаворизира враќање на работа на лица со истечени договори на дело, поради што и токсиколошката лабораторија два месеци не вршела валидација на издадените резултати за пациенти.

На на хаосот во Токсикологија алармираше и стручниот колегиум кој потенцираше дека на Клиниката работат лица без никаков договор и несоодветно образование.

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство побара да се спроведе вонреден инспекциски надзор во Универзитетската клиника за токсикологија – Скопје во врска со статусот на 18 ангажирани лица кои добија согласност од Министерството за финансии, со цел да се утврди фактичката состојба. По добиениот извештај од надлежните инспекторати ќе се постапи согласно законските пропис – велат од Министерство за здравство.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!