Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Изборот на граѓаните е меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација

E209d8ac 4f8a 4193 8132 4155c66c4425.jpg

„МВР, од крајно затворена институција го трансформиравме во институција со транспарентност од просечни 59.5% во 2016, до високи 87.5% во 2023, рече Оливер Спасовски.

Тој најавува силна борба со корупцијата во правосудството, во наредните 4 години, низ системска проверка на потеклото на имотот и конечно спроведување на процесот на „ветинг“ за сите судии и јавни обвинители.

Притоа се осврнува на резултатите дека од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, минатата година во извештајот на Репортери без граници Македонија е рангирани на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите.

„Само две недели нѐ делат од големата одлука. Од изборот меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација. Затоа овие парламентарни избори се исклучително важни. Затоа и ги повикувам граѓаните со посебна одговорност да ја определат иднината на нашата татковина,“порачува Спасовски.
Тој им порачува на граѓаните, дека нема откажување од иднината!

Можете да прочитате

123 санкционирани возачи во Скопје

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат