Утрински Весник
Македонија

ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До крајот на денов врнежливо на повеќе места низ Македонија – Повремени врнежи од дожд ќе има и во Скопје

Download 4 1.jpg

До крајот на денешниот ден како што веќе најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат пообилни.

Локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планински места. Особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од југоисточен правец. Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремени врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, додека во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 15 степени.

Славчо Попоски

Можете да прочитате

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ!

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија