Утрински Весник
Магазин

Дејвид Бекам потроши 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата: посебно изненадување за сите беше настапот на „Спајс грлс“ заедно со Викторија

Bekam Viktorija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Модната дизајнерка Викторија Бекам на 20 април, го прослави својот 50-ти роденден.

По тој повод организираше гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Имено, тој не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за да го ангажира омилениот готвач на Викторија и да го купи нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.

Посебно изненадување за сите беа членовите на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“, од која беше дел и Викторија. Тие заедно ја изведоа својата песна „Стоп“, а имаа и кореографија. Дејвид го снимаше сето ова и не ја тргна насмевката од лицето.

Пред да започне прославата, Дејвид и Викторија позираа заедно со нивните четири деца, а Викторија во тогашната објава на Инстаграм напиша дека „едвај чека да започне прославата“.

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година