Утрински Весник
Македонија

Вработени на токсикологија реагираат за однесувањето на директорката

M7sjm 404521.jpg

Вработени на ЈЗУ Клиника за токсикологија, преку допис до медиумите денеска информираат за низа нерегуларности во функционирањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие ја обвинуваат за зголемување на долгот на клиниката, а додаваат и информации околу нејзиното работно време.

 „Сакаме да ве известиме дека со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30” – пишува во дописот испратен од вработените во клиниката.

Во реакцијата се истакнати и различни случаи во кои директорката наводно одбила да потпише потребни документи. 

„Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.

Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати“, се вели во дописот.

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ