ОВЕН
Ако одите на сто страни, веројатно нема да го завршите планираното на ниту една од нив. Во суштина – најудобно ќе ви биде ако сте во контакт само со членовите на семејството и можеби со вашиот емотивен партнер. Тие ви носат добра енергија и ве смируваат сега.
БИК
Иако планиравте овој ден да си го посветите на себе, сепак од од вас ќе се очекува да им помогнете на членовите на семејството во некои обврски. Не сте навистина расположени за такво нешто, но не сакате да им држите лутина. Со саканата личност ќе сакате да се дистанцирате од сите…
БЛИЗНАЦИ
Конечно убав ден за подобрување на впечатокот од претходните, кои беа нешто полоши. Одлична енергија, одлично сте расположени и ова време треба да го поминете во забава, релаксација, контакт со пријателите или со емотивен партнер. Ќе се опуштите и ќе уживате.
РАК
Транзитната Месечина во вашето поле на домот и семејството носи позитивна атмосфера во домаќинството. Ќе ви биде исклучително пријатно да се посветите на членовите на семејството и заедно да поминете прекрасни моменти. И добар контакт и комуникација со саканата личност.
ЛАВ
Нагласено поле на движење, комуникација, кратки патувања. Овој ден поминете го во дружење и разговор со оние што ги сакате и кои ви се важни. Се чувствувате многу добро и ќе се трудите да внесете добро расположение и оптимизам каде и да сте.
ДЕВИЦА
Време е да ги оставите сите обврски на страна, да се посветите на себе и на оние кои ви се драги и блиски. Организирајте собири и дружења дома и уживајте во овие релаксирачки и во исто време весели моменти.
ВАГА
Имате покани од повеќе страни, се чувствувате добро и позитивно и ќе се трудите да ги почитувате сите…а притоа да се задоволите себеси. Добар контакт со саканата личност, разбирање со членовите на семејството. Значи, што повеќе може да посака еден човек?
СКОРПИЈА
Свесни сте дека треба малку да се опуштите, а можно е најдобро да ви одговара да се повлечете во безбедноста на вашиот дом, опкружен само со најблиските. Задоволство ви носи и контактот со саканата личност.
СТРЕЛЕЦ
Нагласеното пријателско поле вели дека денес треба да се свртите кон забавата и дружењето со оние кои ги сакате и кои ви се драги. И верувам дека ќе најдете погоден момент за вашата сакана личност да бидете заедно….
ЈАРЕЦ
Луѓето со кои ќе дојдете во контакт денес се исклучително тврдоглави. Затоа, најдобро е да се воздржите од убедување и расправии и да се обидете да најдете заеднички јазик. На овој начин ќе поминете добар и исполнет ден. Емоционално – стабилност.
ВОДОЛИЈА
Овој ден одговара на вашата енергија и ви носи расположение. Исто така, имате одлична комуникација со луѓето со кои доаѓате во контакт. Размена на мислења, добри приказни и можности за нови познанства.
РИБА
Денес треба да се посветите на себе. Утрото ќе го поминете дома, во опуштена атмосфера, малку релаксација. Веќе попладне ќе бидете поспремни за дружење, за контакт со пријатели или блиски луѓе. Ве очекува и некој близок.