Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, на Македонија и треба обединување за интеграција, а не за мораториум

Sdsm Sedishte.jpg

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество.

На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за за мораториум.

ДПМНЕ и Мицкоски зборуваат за македонско единство за мораториуми, но се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.

Мицкоски е против ЕУ, како што го блокираше изминативе две години, Мицкоски е спремен да го одложува членството во ЕУ, исто како што правеше неговиот ментор Груевски.

Изборот пред граѓаните на овие избори се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски, кои нема да се откажат од европската иднина.

Можете да прочитате

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот

Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата