Можеби звучи малку необично, но ако некогаш сте се запрашале кој град најдобро мириса, го имаме одговорот. Британската компанија HAYPP ги рангираше првите 10 европски градови кои најдобро мирисаат.
Истражувањето опфати 30 градови во Европа и пошироко. Градовите беа оценувани врз основа на чистотата, бројот на цвеќарници, пекари и парфимерии, а Атина во Грција беше рангирана на прво место меѓу најмиризливите градови во светот, пишува Тајм аут.
Овој историски град доби оценка 8,3 од 10, благодарение на бројните пекари и продавници од кои се шират ароматични мириси, но и на завидниот број од дури 31 цвеќари кој продаваат мирисни букети и 22 ароматични парфимерии.
На второ место е Париз во Франција, поради мирисот на багети и чистите улици, додека на трето место е Цирих во Швајцарија.
Покрај нив на ова необично рангирање се најдоа Даблин (Ирска), Луксембург, Никозија (Кипар), Копенхаген (Данска), Букурешт (Романија), Валета (Малта) и Амстердам (Холандија).