Утрински Весник
Свет

Анонимуси тврдат дека ги хакирале компјутерите на израелската армија, ќе ги објават податоците

Anonimusi.jpg

Хакерската група Анонимуси денеска објави дека ја хакирала базата на податоци на израелските одбранбени сили (ИДФ) и додаде дека ќе објави воени документи.

Според Анонимуси, групата моментално поседува повеќе од 20 гигабајти податоци, вклучувајќи повеќе од 233 илјади документи.

Изјавата на хакерската организација вклучуваше видео со делови од ПауерПоинт презентација на која се прикажани членови на ИДФ, како и логото на Генералштабот, но автентичноста на документите од видеото не е потврдена.

Според безбедносните проценки на ИДФ, веројатноста за вистинско пробивање на базата на податоци е минимална, што укажува на можна тактика на „психолошка војна“ од страна на хакерите.

Компјутерскиот систем на ИДФ е цврсто обезбеден и класифициран на различни нивоа, пишува „Еерусалим пост“.

Доколку навистина се случи хакирање, израелската војска вели дека е малку веројатно пристапот да се прошири директно на компјутерите на ИДФ, но дека датотеките се потенцијално преземени од цивилни компјутери, што би значело дека поединечни членови на војската ги прекршуваат прописите.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата