Најмалку 29 лица се повредени денеска кога траект удри во пристаниште во Неапол на пат од италијанскиот остров Капри, каде што се состануваат дипломатите на Групата седум (Г7).
Здравствените власти соопштија дека повредените се примени во локалните болници, дека повеќето имаат полесни повреди, додека едно лице е во тешка состојба, пренесе Ројтерс.
Не е познато дали некој од повредените учествувал на состанокот на Г7.
Локалните медиуми јавија дека до несреќата дошло за време на приклучувањето на траектот, кое било отежнато од силниот ветер.