Утрински Весник
Македонија

Изет Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот, додека коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите, е коалиција од зорт

Img 6480.jpeg

Претседателот на Демократското Движење, истовремено и носител на листа за пратеници во првата изборна единица, Изет Меџити, синоќа од Централниот митинг на Коалицијата ВЛЕН во Струга се упати со победнички говор, истакнувајќи дека Коалицијата ВЛЕН е единствената алтернатива за спас на албанците од криминалот и корупцијата.

„Помалите заедници се мали, тие треба да бидат на власт за да им помогнат на нивната заедница. Затоа упатуваме порака дека тие ќе бидат со сицилијанскиот фронт до 8 мај, од 9 мај ќе се приклучат во победничкиот камп на албанците, во коалицијата ВЛЕН”, истакна Меџити.

Меџити исто така, додаде дека ДУИ во контуинитет ги рециклира 100-те фигури насекаде, по директорски позиции, како да немаме млади подготвени и без криминал за да ги извршат овие задачи. „Ние ќе го ослободиме системот и ќе им дадеме шанса на младите подготвени”, рече Меџити. Меѓу другото, Коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите ја нарече коалиција на зортот, додека обединувањето на опозицијата во ВЛЕН како потреба на народот.

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура