Утрински Весник
Свет

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

20240419113208 Big 730x400 40.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема. 

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск