Утрински Весник
Македонија

Прв средношколски самит за кариерен развој

Key Visual Hs Summit 2024 Gla 12 04 2024 06 Scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Growth Labs Academy во соработка со Средношколскиот Сојуз го организираат првиот Средношколски Самит за кариерен развој кој ќе се одржи на 22 април со почеток во 17.00 часот. 

Настанот кој ќе се одржи во „Синеплекс“ во „Сити мол“ е посветен на едукација, интеракции и вмрежување на средношколците.

Ова е прв настан од ваков тип, бесплатен е и навистина ќе им биде од голема корист на сите млади кои се наоѓаат на значајниот животен крстопат и треба да донесат одлука за својата идна кариера и да ја изберат нивната професија.

Oвој настан ќе ги опфати следните теми:

  • важноста на неформалното образование и континуираното учење,  
  • како да ја изберам мојата идна професија,  
  • започнување на кариерата со креирање на силен персонален брендинг
  • a, по говорниците предвидено е да имаме и панел дискусја на која ќе се опфатат теми од областа на образованието и можностите за младите но и фокус ќе биде ставено на тоа како да се насочат правилно младите за да имаат кариерен успех во идинина

Сите заинтересирани средношколци можат да се пријават на овој линк.

Можете да прочитате

Измамен 67-годишник од тетовско за сума од 3000 евра

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите

(Видео) Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош