Утрински Весник
Балкан

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор – 11 години без ЗСО

20240419073955 Big 730x400 40.webp.webp

Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува српскиот весник „Политика“.

а текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово – Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник, го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика“.

Можете да прочитате

Франција, Германија и Италија го информираа Курти дека не го исполниле условот за членство во Советот на Европа

Вучиќ: Ќе го посетам Фицо

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ