Утрински Весник
Свет

Познат датумот на завршување на копањето на биткоини

Cc4f26ac D4b0 40f3 A128 Cba9007d24a8.jpg

Според сегашните прогнози на виенската берза за криптовалути Bitpanda, таканаречениот “halving” ќе се случи во сабота на 20 април по два часот по полноќ.

Споменатото „преполовување“ е запишано во кодот на Биткоин и се случува на секои четири години.

Во светот има само 21 милион биткоини и оваа бројка е практично невозможно да се промени, така што намалувањето на наградата за „копањето“ би требало да создаде поголем недостиг и дополнително да ги зголеми цените на биткоинот, пренесува CNN.

Во минатото „преполовувањето“ ја подигна цената на биткоинот на рекордни нивоа, но овој пат ситуацијата е поинаква затоа што на Биткоин неодамна веќе достигна нов рекорд откако на таканаречените ЕТФ фондови кои ја следат само цената на биткоинот, им беше дозволено да излезат во јавност.

Комњето на биткоин станува сè потешко, а Statista известува дека целиот биткоин ќе биде „ископан“ до 2040 година.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам