Утрински Весник
Свет

Њујорк: Двајца полицајци загинаа во престрелка

Still 20544420 7154 864 Still.jpg
Dik 300x250 mk

Полицаец и заменик на шерифот се убиени во северниот дел на Њујорк во престрелка со вооружен напаѓач, кој исто така е убиен, соопшти денеска њујоршката полиција.

Пукањето се случило во неделата вечерта, нешто по 20:00 часот во населбата Ливерпул во северниот дел на Њујорк, кога полициска патрола следела возило кое бегало од нив.

Полициската управа на Сиракуза, Њу Јорк и Канцеларијата на шерифот на блискиот округ Онондага го следеле возилото што претходно ја избегнало полицијата, рече началникот на полицијата на Сиракуза Џозеф Сесил, додавајќи дека двајцата полицајци го следеле возилото до Дариен Драј во Ливерпул и побарале помош од канцеларијата на шерифот откако утврдиле дека возачот е вооружен.

Полицајците влегле во дворот каде го виделе возилото што го барале, по што најмалку едно лице отворило оган кон полицајците, кои возвратиле.

Полицаец од Сиракуза, заменик на шерифот и осомничениот биле застрелани и пренесени во Универзитетската болница во Сиракуза, каде што набрзо по пристигнувањето во болницата била констатирана смрт.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа